top of page

За Ексквизит

Лесно е да избереш
Е- шопингот во РМ е сеуште во развој. Интересот за овој начин на е-купување расте од ден на ден, се повеќе љубопитни пребарувачи по македонските веб портали се почесто се задржуваат токму на ваквите веб страни на македонските веб е-продавници. Колку од љубопитство, колку од потреба или по навика овој начин на е-купување станува нормална и секојдневна работа.


Искуството покажува дека овој начин на е-купување повеќе го практикуваат луѓето со подлабок џеп, со повеќе стил и со модерна култура на купување. И се разбира луѓе кои се презафатени со обврски, со својата кариера и со семејството.


За таа цел за да им излеземе во пресрет на сите наши купувачи се потрудивме изборот на производи да одговара на сите возрасти, на сите старосни групи на купувачи, и се разбира цените да се пристапни на економската парична купувачка моќ на македонските купувачи.

За сите идни купувачи кои сакаат повеќе да се запознаат со овој нов начин на е-купување го отворивме информативниот блог: http://eshopping-mk.blogspot.com каде редовно се рекламираат производите кои може да ги купите преку нашата е-продавница. Блогот е пред се од информативен и забавен карактер, со реални и практични новини од секојдневното работење на една е-продавница во РМ.

 

Нека купувањето Ви биде забавно!

 

Со почит,

Наташа Муратовска

 

www.exquisite.mk

Наша визија

Избери, купи и добиј - е нашето мото.

 

Целиме кон тоа да бидеме најдобри во тоа што го работиме.

 

Работата нека зборува за нас.

 

Историја 2009-2016

Првиот онлајн шопинг центар во Р. М.

 

Работи континуирано на развојот во е-трговијата кај нас, веќе седма година.

 

Отворен е во Февруари 2009 год.

© 2009-2016 by Exquisite.mk

  • w-facebook
  • Twitter Clean
  • w-googleplus
  • w-youtube
bottom of page